9 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСакате идеја за луксузно крстарење?

Сакате идеја за луксузно крстарење?

ama1

Сакате идеја за луксузно крстарење? Ова е нашиот предлог за најлуксузното крстарење по Амазон. Уживајте!

Доколку присуствувате на луксузното крстарење со луксузниот брод-хотел „Aqua“ од компанијата „Aqua Expeditions“, тој ќе ве однесе низ најмагичните и најегзотичните предели на Амазон.

Бродот е ремек-дело на перуанскиот архитект Џорди Пуиг, тој е еден од најлуксузните бродови кои пловат по Амазон.

На него се наоѓаат 14 апартмани од 32 квадратни метри, кои имаат прекрасен поглед благодарение на огромните прозорци од подот до таванот. Интимната атмосфера во хотелот со 5 ѕвездички ја надополнува убавината на шумите во кои преовладува неверојатен див животински свет.

На ова крстарење може да присуствувате во било кој период од годината, а доживувањето секој пат е уникатно поради сезоните кои се менуваат. На ова крстарење ќе бидете сведоци на квалитетна услуга, гостопримлив персонал, квалитетна храна и неверојатен луксуз во секое катче.

Доколку крстарите за време на дождовната сезона, тогаш нивото на реката се покачува и бродот може да плови подлабоко во егзотичните шумите. Додека пак,  доколку крстарите за време на сушната сезона,  ќе бидете сведоци на прекрасните песочни плажи, кои се формираат по намалувањето на реката.

ama2

ama3

ama4

ama5

ama6

ama7

ama8

 

ama10

ama11

ama12

ama13

ama14

ama15

ama16

ama17

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП