6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКина и Северна Америка ја поддржаа продажбата на Adidas

Кина и Северна Америка ја поддржаа продажбата на Adidas

Германскиот производител на спортска опрема „Adidas“ забележа подобра од очекуваната нето добивка за првиот квартал по драстичниот раст на продажбата во Кина и Северна Америка. Сепак, брендот „Reebok“ продолжува да се соочува со тешкотии, објави „Ројтерс“.

Каспер Рорстед кој стана извршен директор во 2016-та година по серијата предупредувања за профитот, стави посилен фокус од својот претходник Херберт Хајнер врз подобрувањето на профитабилноста на „Adidas“, кој заостанува зад неговиот конкурент „Nike“.

Нето добивката е зголемена за 17% до 542 милиони евра, додека продажбата се зголемила за валутно приспособениот раст од 10% до 5,55 милијарди евра.

Податоците за нето-добивката ја надминуваат просечната прогноза на аналитичарите за 510 милиони евра во анкетата на „Ројтерс“, но продажбата се покажаа малку под очекувањата за 5,59 милијарди евра.

Од „Adidas“ велат дека продажбата се зголеми за 21% во Северна Америка, каде што зазема пазарен удел за сметка на „Nike“ и „Under Armour“, и со 26% во Кина. Сепак, тие се намалени за 16% во Русија. Продажбата од електронската трговија исто така скокна за 27%.

Оперативната маргина отскокнува со 2 процентни поени до 13,4 отсто – важен сигнал за инвеститорите, бидејќи со години „Adidas“ е значително помалку ефективен од лидерот „Nike“.

„Adidas“ објави уште дека продажбата од брендот „Reebok“ се намали со 3% поради падот во категориите тренинг и трчање, иако успеал да се врати на валутно приспособениот раст во Северна Америка.

„Adidas“ ја потврди прогнозата за 2018-та година за раст на продажбата од околу 10% во 2018-та година со оперативен маргина меѓу 10,3 и 10,5% во однос на 9,8% во 2017-та година. Ова сепак е под маргината на „Nike“ од речиси 14%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП