7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБафет купи дополнителни 75 милиони акции на Apple

Бафет купи дополнителни 75 милиони акции на Apple

На „Волстрит“ може и да имале многу сомнежи околу „Apple“, пред компанијата да ги објави тримесечните резултати, но тоа не важи за еден од најголемите акционери во компанијата – Ворен Бафет.

Во првото тримесечје од годината компанијата на Бафет – „Berkshire Hathaway“, купила дури 75 милиони акции на „Apple“. Претходно „Berkshire Hathaway“ веќе имаше 165,3 милиони акции на крајот од 2017-та година.

„Ова е неверојатна компанија“, вели Бафет. „Ако го погледнете „Apple“, мислам дека тоа е двојно повеќе од втората по големина американска компанија“.

Бафет го откри купувањето на дополнителните акции на „Apple“ точно пред годишното собрание на акционерите на „Berkshire Hathaway“ во Омаха. Овој викенд во Омаха, Небраска, се очекува да пристигнат до 40.000 акционери на компанијата.

Милијардерот објасни пред „CNBC“ дека тримесечниот финансиски извештај на „Berkshire“, кој ќе биде објавен во сабота, ќе вклучува информации за 10-те најголемата делови на „Berkshire“ во други компании и дека ќе потенцира поголемиот удел на „Berkshire“ во „Apple“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП