Фантастичниот „WestLake“ имот, кој се наоѓа во престижно соседство во градот Остин, може да биде ваш за 4,9 милиони долари…
Овој имот кој се простира на простор од 1.01 хектари е еден од само неколкуте домови кои имаат поглед и на езерото Остин и на градот, а се наоѓа на една од највисоките точки на градот.
Вниманието посветено на квалитетот и деталите видливо е низ целиот овој дом, кој е дело на наградуваното „Skirrow Homes“ студио. Некои од елементите кои се карактеристични се гипсаните ѕидови со прекрасни украси, подовите од дрво од вишна, интересниот камин, големите прозорци и стаклената врата кои пропуштаат фантастична количина на природна светлина додека преку нив се пружа поглед од кој ви застанува здивот.
Приватниот базен со одвоена куќа која содржи летна кујна, фантастична веранда и џакузи, како и спортските терени кои се во близина, се уште некои луксузни погодности.
Исто така, бидејќи оваа вила е испланирана како дом за семејство, во склоп на имотот се наоѓа и куќа за дадилка со одвоен влез. Тука е и винскиот подрум, медиа собата и две одвоени соби за забава, што ја прави оваа вила совршена за големи семејства. Ваков дом, односно дом кој совршено ги претставува сите елементи на луксузот, не се наоѓа често.