3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoldman Sachs ќе плати парична казна од 110 милиони долари

Goldman Sachs ќе плати парична казна од 110 милиони долари

Добивањето пари на клиентите преку трикови на пазарот на девизи не е најдобрата работа што можете да ја направите. И нема да поминете лесно ако ве фатат. Тоа го разбра и големата американска банка „Goldman Sachs“, која сега има вонсудски договор со американските власти.

Големата банка се согласи да плати 110 милиони долари, соопштија американските федерални резерви. Властите ја обвинуваат банката дека влегле во трансакции на девизните пазари во периодот од 2008-ма до 2013-та година, кои ги фаворизирале на сметка на своите клиенти.

Особено, финансиската компанија е обвинета дека не е во можност да врши надзор над своите банкари. Нејзините „дилери“ преговарале со финансиски аналитичари за време на периодот за кој станува збор и разменувале совети за девизните трансакции. Притоа, на нивните клиенти им дале доверливи податоци, кои ги нарекувале во тајните разговори со кодно име „Satan“ или „Fiddler“.

Според договорот, „Goldman Sachs“ е посветен на подобрување на внатрешната контрола, така што ваквите повреди на политиките нема да се повторат во иднина. Банката е задоволна од постигнатиот договор со властите.

Манипулирањето со девизните пазари веќе доведе до сериозни скандали и значително повисоки санкции за голем број финансиски институции, вклучувајќи ја и „Goldman Sachs“ во последниве години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП