30 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕТрадиционална кинеска магија која остава без зборови

Традиционална кинеска магија која остава без зборови

Во срцето на Кина, одморалиштето Алила Јангшуо изгледа како ретко одморалиште со врвен модерен пресврт, преполн со посетители од целиот свет.

Ова одморалиште со модерна и единствена атмосфера, создава сликовито совршенство. Јангшуо е преголемо место со премногу убави детали, така да, не би можеле да ја доловите целосно неговата убавина со само една посета,  подготвено е да ве заведе и да во понесе во авантуристичкиот дух истиот момент откако ќе се сместите.

Карстовата планина, зелените ридови и чистите реки креираат бајковита средина, која е идеална за сите оние кои се желни за авантуристички денови. Јангушо изобилува со традиционалната кинеска култура и неверојатна природа.

Овој хотел, посетителите знае да ги заведе со прескрасниот спој на локален камен и бамбус. Специјално е дизајниран во склоп на извонредниот пејсаж кој не би бил целосно совршен без ресторанот, барот, теретаната, игротеката, спа центарот, прекрасниот базен на отворено и шармантната библиотека.

Секако, во себе крие уште многу изненадувања кои ќе овозможат вашиот престој да биде незаборавен, но за да откриете кои се тие, ќе мора да го посетите и да откриете сами.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП