20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на Mondelez на нови пазари ги поддржа нејзините финансиски резултати

Продажбата на Mondelez на нови пазари ги поддржа нејзините финансиски резултати

Производителот на чоколадни производи „Mondelez International“ продал повеќе бисквити „Oreo“ и чоколадото „Cadbury“ на новите пазари во последниот квартал, што го покажува зголемениот апетит за слатки производи низ целиот свет.

Продажбата на „Mondelez“ се зголеми за 5,5% до 6,77 милијарди долари што ги надминува очекувањата. Акциите се зголеми за 1,6 отсто на 39,63 долари.

„Продолжуваме да гледаме охрабрувачки тенденции на раст, особено на новите пазари“, рече главниот извршен директор Дирк Ван де Пут. „Mondelez“ генерира околу 38% од продажбата на новите пазари, како Бразил и Индија.

Ван де Пут ги поминал последните месеци во фабриките на „Mondelez“ низ целиот свет, проучувајќи го бизнисот на конгломератот во странство. Тој рече дека сака да ги надгради напорите на својот претходник Ирина Розенфелд за подобрување на профитабилноста, која заостанува во однос на конкурентите на „Mondelez“.

Од извештајот се гледа дека „Mondelez“ плаќал повеќе за некои суровини во кварталот, но компанијата очекува некои трошоци, како на пример за какаото, да паднат подоцна во текот на годината.

Приходите во Северна Америка се намалија за 1,3% до 1,63 милијарди долари, што главно се должи на послабата продажба на гумите за џвакање. „Mondelez“ ги поседува брендовите „Trident“, „Stride“ и „Dentyne“.

Во исто време, бизнисите во САД покажуваат знаци на подобрување, додека довербата на потрошувачите се зголемува.

Во последниот квартал маргината на оперативната добивка која изнесува 1,224 милијарди долари, се зголеми за 5,2 процентни поени до 18,1%. Заработката по акција порасна за 51 отсто на 62 центи во четвртиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП