2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ„Совршенство“ е мал збор за оваа вила, ѕирнете и уверете се сами

„Совршенство“ е мал збор за оваа вила, ѕирнете и уверете се сами

Прекрасната вила е лоцирана во еклавата „Бел Аир“, на улицата „Св.Пијер“, „Ист Гејт“ викендицата постои уште од 1920-та година но, од тогаш поминала низ бројни реновации.

Да се каже дека оваа вила е раскошна убавица е малку, бидеќи е богата со грациозност и убавина, а британските дизајнери за време на нејзиното уредување се потрудиле да изгледа заносно. Со 2.000m2, без сомнение овој објект ќе ви овозможи да се чувствувате како да го поседувате домот од вашите соништа.

За да се овозможи максимална приватност, „Гејт“ е уредена со градини и високи порти, а со медитеранскиот стил на сопствениците освен приватност оваа вила нуди и ексклузивност и неограничени услови за забави.

Главниот дел од оваа куќа има огромна дневна соба и канцеларија, соба за деца и прекрасна трпезарија подкрепена со најмодерна кујна. Вкупно 8 спални соби нуди „Гејт“ и дури 20 бањи, при тоа секој простор поседува најмодерен дизајн, акцентиран со различни елементи.

Главната спална соба поседува шармантен камин и бања уредено со мермер.

Мозаички базен, светларник и класични столбови се само дел од работите кои дополнително ќе ве хипнотизираат, спа центарот и делот за релаксација, се идеални во било која доба. Базенот на отворено, фитнес центарот, барот винскиот подрум, кугланата и киното исто така се дел од оваа вила. За незаборавни моменти кои остануваат во сеќавања посетете ја, а сликите ви гарантираат дека само рајот е поубав од ова совршенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП