8 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузните вили Alila Villas Uluwatu во Бали

Луксузните вили Alila Villas Uluwatu во Бали

zv8

Хотелскиот синџир „Alila“ од Сингапур е надалеку познат по неговите фантастични летувалишта, кои се испреплетени со луксуз и прекрасни природни убавини.

Компанијата има три комплекси со вили во Бали, помеѓу кои се наоѓа и феноменалното рајско место „Alila Villas Uluwatu“.

Исклучителна убавина на ова место му дава неговата висина и погледот кон океанот. Гостите на ова место добиваат неверојатна услуга, добивајќи личен батлер, а можат да се релаксираат и во бесконечниот базен, пиејќи пијалак од блискиот бар.

Во комплексот се наоѓаат 84 вили, а дизајнот на местото е целосна заслуга на сингапурската компанија „WOHA“, која се погрижила секоја спална соба, да има неодолив поглед со спокоен амбиент.

Ваквиот луксуз има своја цена, затоа за едно ноќевање во овој хотел ќе ви бидат потребни 1.100 долари.

zv1

zv7

zv6

zv5

zv4

zv3

zv2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП