19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПродадени 18 милиони примероци од конзолата Nintendo Switch

Продадени 18 милиони примероци од конзолата Nintendo Switch

Одличната конзола „Nintendo Switch“ продолжува да бележи исклучителен успех на пазарот со 17.79 милиони продадени примероци од 31-ви март оваа година.

Ова претставува зголемување од дури 3 милиони во однос на крајот на јануари, кога „Switch“ го престигна „WiiU“ по бројот на продадени примероци. „Nintendo“ во својот извештај го стави и бројот на продаден софтвер, односно видео игри, што кај оваа конзола изнесува речиси 70 милиони единици, каде водечки се „Super Mario Odyssey“ и „Legend of Zelda“.

Исто така, постариот „Nintendo 3DS“ исто бележи пораст во продажбата со продадени 72.53 милиони уреди, исто така до крајот на март, што секако е импресивен број.

„Switch“ секако ќе го продолжи својот раст и развој и понатаму во текот на 2018-та година, затоа што веќе се претстави многу екслузиви, но и вредни портови, како „Dark Souls“ и „Wolfenstein 2“, a без сомневање е дека не очекува претставување на многу нови наслови на претстојниот „E3“ настан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП