9 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСпектакуларна викендица која ќе ве остави без здив

Спектакуларна викендица која ќе ве остави без здив

Модерниот ентериер и новиот дел за гости, се само некои од подобрувањата кои се направени во дрвената викендица со поглед кон Тихиот океан, од страна на студиото „Butler Armsden Architects“.

Оваа викендица која е стара 44 години, сместена е на карпеста површина со директен поглед кон океанот, а околината е украсена со чемпреси. Оваа викендица или „Bluff Reach“ е сместена  во Сонома, овој дел е познат по резиденции, кои што се современи и инспирирани од природата.

Дизајнирана за еден пар од Сан Франциско кој бегал од секојдневието, „Bluff Reach“е редизајнирана и проширена во 1974-та година, а подоцна во 1990-та година е повторно реновирана. Скулптурната, дрвена градба има закосен покрив и блескав мебел.

При последната интервенција, дизајнерскиот тим ги задржал оригиналните елементи на објектот, додавајќи повеќе простор како и подобрување на некои детали. Тимот бил сконцентриран повеќе на одржувањето на поврзаноста на оваа викендица со околниот пејсаж.

„Bluff“ сега има нова фасада од кедри, како и 2 нови дела, кои  моментално се канцелариски простор. Прозорците имаат димензии кои не се исти, но изгледот го прават совршен. Во трпезарија стаклената врата на лизгање води кон дрвената платформа, каде оние кои се сместени можат да се опуштат и да уживаат во погледот. Додека пак широките скали водат до зелениот тревник.

Сите соби во оваа викендица имаат современа декорација, а преовладува земјена палета на бои, создавајќи опуштена атмосфера. Светлото дрво дава целосно освежување на просторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП