21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа што се должи огромната добивка на Комерцијална банка во првиот квартал?

На што се должи огромната добивка на Комерцијална банка во првиот квартал?

Комерцијална банка АД Скопје во периодот од 01.01-31.03.2018 година  оствари позитивен финансиски резултат во износ од 966,6 милиони денари или повеќе од 15 милиони евра.

Повеќекратното зголемување на финансискиот резултат се должи на интензивните активности на Банката за решавање на статусот на должникот ФЕНИ – Кавадарци за кој поради влошување на состојбите во текот на 2017 година беше издвоен значителен износ на исправка на вредност. Имајќи го предвид потенцијалот на комбинатот, како и интересите на сите засегнати страни, Банката во текот на првиот квартал од 2018 година, склучи договор за продажба на своите побарувања од „ФЕНИ ИНДУСТРИ АД Кавадарци во стечај” во вкупен износ од 1.495.913.713,00 денари. Согласно условите од договорот целосна негова реализација и исплата на вкупниот износ на побарувањата беа реализирани до крајот на март, по што во билансите на Банката беше евидентирано ослободување на исправката на вредност и истото имаше соодветен ефект врз остварениот финансиски резултат.

Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето е за 60,3% поголема во однос на минатата година година. Ова во најголем дел се должи на зголемувањето на останатите приходи, а пред сè на приходите од капитални добивки од продажба на преземен имот од должникот „Брилијант Штип“, што беше реализирано со склучување на договори за купопродажба на недвижен имот, подвижни предмети и
права на индустриска сопственост со „Витаминка АД Прилеп“ со вкупна вредност на договорите од 7.300.000,00 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП