7 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕОваа луксузна оаза ги чека своите први гости (фото+видео)

Оваа луксузна оаза ги чека своите први гости (фото+видео)

Овој рајски хотел кој располага со 280 прекрасни соби и апартмани, подготвен е да ги пречека првите гости, хотелот со 5 ѕвездички е сместен во срцето на Абдалија, ултра популарно место, кое се издвојува од другите по архитектурата, а нуди и поглед кон околните ридови.

Овој хотел е декориран со невероватен дизајн, инспириран пред се од мистичниот амбиент на блискиот Исток и уникатната историја на Јордан. Компанијата „Marriott International заедно со „Eagle Hills Jordan“ го креираа овој хотел, кој ќе се прошири и во Амман и Аквабу.

Секоја од собите поседува декорација на високо ниво како и најмодерни купатила. Располага со широк спектар на луксузни апартмани, од кои 4 се „Wow Suites“, а еден „Extreme Wow Suite“, како и со панорамски поглед вклучувајќи и џакузи.

Дневната соба всушност претставува прекрасно дизајниран клуб со бедуински детали, интересни саксии и прекрасно дизајнирани перници. Целиот простор е дополнително разубавен со модерна уметност.

Кога ќе огладнете посетете го ресторанот Меш сместен во самиот хотел и уживајте во интернационалната кујна, или пак Аура, каде што нудат префинети пијалоци и префкусни оброци.

А, еве како изгледа храната во Јордан, каде што е сместен овој хотел.

„WET Deck“ е простор каде што гостите уживаат во забави, додека спа центарот „AWAY Spa“ е подготвен да направи да се опуштите и заборавите на грижите.

Ако до сега не планиравте да го посетите Јордан, веруваме дека вашите планови штотуку се променија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП