7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Lloyds за кварталот скокна за речиси една четвртина

Профитот на Lloyds за кварталот скокна за речиси една четвртина

„Lloyds Banking Group“ соопшти дека ја започнува 2018-та година со силен старт, остварувајќи раст на профитот за првите три месеци од годината од речиси една четвртина.

Банката има добивка пред оданочување од 1,6 милијарди фунти (над 2,2 милијарди долари), што претставува зголемување од 23% во споредба со истиот период од минатата година, објави „ВВС“.

Банката сепак истакнува дека одвои 90 милиони фунти за трошоци по жалби за незаконска продажба на осигурување за обезбедување на плаќањата, со што вкупниот износ на овие трошоци достигнува 18,8 милијарди фунти (над 26 милијарди долари).

Владата во Лондон го продаде последниот удел во „Lloyds“ во мај 2017-та година – осум години откако инјектира во банката 20 милијарди фунти за да ја спаси.

Според зборовите на Главниот извршен директор Антонио Орта-Осорио, кварталните резултати продолжуваат да ја „демонстрираат силата на нашиот бизнис модел“. Тој, исто така, изрази позитивни очекувања за иднината. „Британската економија продолжува да биде одржлива, искористувајќи ја предноста на ниската стапка на невработеност и континуираниот раст на бруто домашниот производ. Очекуваме економијата да продолжи да се претставува во овој контекст во 2018-та година“, рече тој.

Сепак, лошите заеми се зголемија речиси двојно до 258 милиони фунти во првите три месеци од 2018-та година, во споредба со 127 милиони фунти во истиот период од минатата година.

Во февруари оваа година банката најави нова тригодишна стратегија, како според Орта-Осорио веќе е почната со нејзиното спроведување. „Остваривме силен старт во 2018-та година“, рече тој.

Во исто време минатиот месец, „Lloyds“ ја започна својата програма за откуп од една милијарда долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП