28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал го чека Атлетико, Салцбург гостува во Марсеј

Арсенал го чека Атлетико, Салцбург гостува во Марсеј

Четврток е резервиран за натпреварите во Лига Европа. Во првите полуфинални пресметки ќе играат Арсенал и мадридски Атлетико, односно Олимпик Марсеј и Ред Бул Салцбург.

Финале пред финалето, вака е наречен двомечот на најголемите фаворити за титулата во Лига Европа. Во Лондон се очекува емотивна вечер, бидејќи Арсен Венгер, последен пат во кариерата ќе го предводи Арсенал во европски меч на домашен терен.

Францускиот стратег по 22 години ќе замине од клубот, а желбата му е разделбата да биде со освоен трофеј.

Под палката на Венгер, Арсенал е поразен до две европски финалиња, едно во Купот на УЕФА и едно во Лигата на шампионите. Од друга страна, во поновата историја, Атлетико два пати губел во финалето во Лигата на шампионите, но два пати победил во Лига Европа.

Венгер има проблеми со формирање на тимот, Обамејанг нема право да игра во Лига Европа, неизвесен е настапот на Месут Озил, а Хенрик Мхитаријан е повреден.

Слични проблеми има и тренерот на Атлетико, Диего Симеоне. Фелипе Луис веќе еден месец е надвор од тимот, а под знак прашалник е настапот на Диего Коста. Шпанскиот репрезентативец се повреди на натпреварот со Спортинг во Лисабон, тој е со тимот во Лондон, меѓутоа Симеоне тврди дека нема да игра.

Олимпик, во Марсеј, ќе го пречека најпријатното изненадување во Лига Европа, австриски Салцбург. Интересно овие екипи играа и во фазата по групи, во Марсеј немаше голови, а во Салцбург домаќинот победи 1:0.

Олимпик Марсеј на домашен терен има само еден пораз на последните 21 натпревари, додека Салцбург на последните 17 натпревари во Лига Европа има само еден пораз.

Дуелите во Лондон и Марсеј ќе започнат во 21:05 часот, а реваншите се на програмата за една недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП