26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкандалот со податоците не го допира Фејсбук, добивка од 5 милијарди долари...

Скандалот со податоците не го допира Фејсбук, добивка од 5 милијарди долари за првиот квартал

Фејсбук во изминатото тромесечие остварил приходи од речиси 12 милијарди долари, 49 отсто повеќе од една година претходно.

Големиот пораст на добивката на најголемата светска социјална мрежа покажува дека скандалот со недозволеното користење податоци на корисниците воопшто не и наштетил.

Според деловен извештај објавен вчера, чистиот профит на Фејсбук во првиот квартал од годинава достигнал 4,99 милијарди долари, што е 63 отсто повеќе од една година претходно.

Притоа приходите од огласувањето, најголемиот извор на приходи на компанијата, пораснале околу 50 отсто, на 11,7 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП