12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИComcast официјално достави понуда за Sky од 31 милијарда долари

Comcast официјално достави понуда за Sky од 31 милијарда долари

Американската кабловска компанија „Comcast“ поднесе понуда за 22 милијарди фунти (31 милијарди долари) за купување на британската платена телевизија „Sky“, со што се соочува со веќе договореното, но понизок предлог за купување од „Fox“ на Руперт Мардок, соопштува „Ројтерс“.

„Comcast“, која за прв пат објави понудата на истата цена од 12,50 фунти по акција во февруари, изјави дека ќе ги продолжи разговорите со независните директори на „Sky“ за да добие препорака за трансакцијата.

„Twenty-First Century Fox“, која веќе поседува 39% од „Sky“, изјави дека останува посветена на препорачаната парична понуда за „Sky“, објавена на 15-ти декември 2016-та година, и во моментов ги разгледува можностите.

„Новата понуда ќе биде донесена што е можно поскоро“, соопшти компанијата.

Договорот со „Fox“ за 10,75 фунти по акција е разгледуван внимателно од регулаторите кои имаат стравувања дека влијанието на Мардок може да се зајакне, кој ја поседува целата телевизија, во комбинација со британските весници.

Во меѓувреме, „Fox“ се согласи да продаде голем дел од своите телевизиски и филмски средства на „Walt Disney“, вклучувајќи го и својот удел во „Sky“.

„Comcast“, која е сопственик на „NBC“ и „Universal Pictures“, изјави дека е среќна да ја финализира понудата.

„Ние долго време верувавме дека „Sky“ е ексклузивна компанија и одлично одговара за „Comcast““, изјави претседателот и главен извршен директор Брајан Л. Робертс.

„„Sky“ има силен бизнис, одлична лојалност кон потрошувачите и вреден бренд“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП