6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинескиот бизнис и помогна на Puma

Кинескиот бизнис и помогна на Puma

Германскиот производител на спортски производи „Puma“ ја започна одлично фискалната година благодарение на силната побарувачка од Кина. Во првото тримесечје чистата добивка бележи раст со речиси 36 проценти до 67,4 милиони евра, соопшти компанијата со седиште во Херцогенаурах.

Добивката пред камата и даноци (ЕБИТ) се зголеми за речиси 60% на 112 милиони евра. Приходите се зголемија за 12,5 отсто на 1,13 милијарди евра главно поради силното евро. Не земајќи ги предвид валутните разлики, растот на приходите изнесува 21,5 отсто, а во Азија 35 проценти.

Главниот извршен директор Бјорн Гулден тврди дека производителот на спортски производи регистрирал двоцифрена стапка на раст во сите региони, но и покрај тоа тој ги истакна добрите резултати на концернот во Кина.

Компанијата неодамна ги зголеми прогнозите за цела година. Се очекува приходите да се зголемат за 10-12% (прилагодени на валутата) во 2018-та година и „ЕБИТ“ на ниво од 310 до 330 милиони евра.

„Puma“, чии акции паднаа во јануари, откако француската компанија мајка „Kering“ изјави дека ќе го одвои брендот меѓу акционерите, ги објави во февруари плановите за плаќање на еднократна дивиденда од 12,50 евра по акција за 2017-та година.

Германската компанија која продолжува да заостанува зад германскиот конкурент „Adidas“ и пазарниот лидер „Nike“, заживеа во последниве години, фокусирајќи се на фудбалот, трчањето и моторните спортови, како и врз производите за жени, во партнерство со познати лица како пејачката Ријана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП