3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕМоту Моие-совршено рајско место (фото+видео)

Моту Моие-совршено рајско место (фото+видео)

Составена од повеќе од сто острови и атоли во Јужниот Пацифик, француската Полинезија е позната по своите тиркизни лагуни, плажи и бунгалови над водата.

Во близина на островот Тахаи и Раиатеа, Моту Моие е вистински тропски рај кој од сите страни нуди поглед на блескава вода. Сместен е помеѓу кокосови палми и хибискус, овој атол е идеално место за одмор. Исто така, се наоѓа на само 15 милји од популарната дестинација Бора Бора.

На овој остров, се наоѓаат приземни древни куќарки, има бунгалов за јадење и спорт, три бунгалови се наменети за гости и куќарка за чувар, како и неколку дополнителни куќарки.

Собите за гости се направени од дрво додека подовите се од камен, ѕидовите се обложени со бамбус, а покривите со листови од палма даваат глетка на беспрекорен лежерен луксуз. Големата дневна соба е со поглед кон волшебната лагуната, додека останатиот дел од овој простор останува отворен и ги чека новите сопственици.

Овој остров електричната енергија ја добива преку соларни панели, додека водата која е за пиење се вади од бунари со филтери за прочистување.

Жителите и посетителите можат на овој остров да уживаат во риболов, нуркање, сурфање, едрење, возење со велосипед.

Најблискиот аеродром се наоѓа во Раитеаи кој е во непосредна близина, на одалеченост од 25 минути возење со брод.

Сегашниот сопственик на овој остров кажува дека во светот постојат само неколку места кои се слични со ова. „Јас имав привилегија заедно со моето семејство, пријателите и соработниците да уживам во ваквиот авантуристички живот веќе 28 години“.

Ако барате место во кое ќе се сокриете и ќе избегате од реалноста, знајте дека ова рајско место може да биде ваше за 9.5 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП