26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕШри Ланка е идеална луксузна дестинација (фото)

Шри Ланка е идеална луксузна дестинација (фото)

Шри Ланка нуди низа од луксузни искуства, и ветува авантура исполнета со елеганција и возбудување…

Од гламурозни патувања во срцето на бројните национални паркови, па се до возење со балони, Шри Ланка нуди многу работи.

Марко Поло го опиша како најевтиниот остров, со фантастичен спој од индиската, арапската и европската традиција, кои дополнително го зачинуваат искуството на авантуристите. Ретките животински видови, скапоцените камења и прекрасните слонови се вистинска мамка на многу истражувачи ширум светот.

Во водите на Индискиот океан изобилува убавина и магична глетка, а посетителите секогаш му се враќаат. Шри Ланка е остров во форма на бисер, кој е романтичен и интересен, а своето првобитно име Серендиб го добива од арапски тргувач, што во превод значи „мир“.

Ако го посетите ова место колку и да седите нема да ви биде доволно. Иако е мало, изобилува со убавини што е невозможно да се истражат во целост.

Крајбрежната линија е идилична, плажите се мирни и совршени за одмарање. За време на престојот ќе имате прилика да уживате во бајковит пејсаж на џунгла преполна со диви животни, како и беспрекорно убавите плантажи со чај и мистериозни планински врвови опколени со магла.

Ако барате авантура, а во исто време копнеете по префинетост, можете да изнајмите јахта и да престојувате во неа. Јахтите на овој остров се со најдобри услови како во луксузен хотел, а ви даваат и можност секое утро да се будите на различна локација, опкружени со морски чуда.

Доколку сакате подетално да го истражите, можете да резервирате сместување во камп, кој исто така нуди луксуз. Бројните туристички компании ќе се потрудат да ви подигнат шатор во самиот центар во дождливата шума или националниот парк.

Поголемиот број шатори имаат луксузни кревети, клима како и купатило со када и многу други луксузни детали.

Поголемиот дел од хотелите нудат Спа и сите услуги потребни за максимална релаксација.

За крај ги оставивме деталите за возењето со балон, кое е незаборавно. Замислете се како лебдите над бројните шуми, историски споменици и се останато што овој остров го нуди. Веруваме дека на овој остров ќе имате многу незаборавни искуства. Ако не ни верувајте посетете го и уверете се сами.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП