17 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен одмор во Швајцарија

Луксузен одмор во Швајцарија

z7

Доколку сте љубител на планините и сакате летниот одмор да го поминете на планина посетете ја Швајцарија и поминете си неверојатно. За оние кои имаат некое евро повеќе во својот џеб и за оние кои не сакаат да штедат кога се работи за изборот на луксузно сместување ние имаме одлична понуда.

Оваа вила е сместена на швајцарските Алпи и претставува вистински рај за очи. Оваа фантастична резиденција се наоѓа во пејзажното село Цермат, Швајцарија и нуди неодолив поглед кон врвот Матерхорн.

Вилата е наречена „Zermatt Peak“ или „Врвот на Цермат“, а се наоѓа во близина на центарот од селото. До неа се пристигнува преку приватен влез или преку тунел со лифт.

Во нејзината внатрешност има 5 луксузно опремени спални соби со бањи, голема кујна, дневна соба, библиотека, винарска визба, просторија за активности и велнес-центар кој го зафаќа целото приземје.

За комплетна релаксација ви го препорачуваме внатрешниот базен со хидромасажа и различни ефекти со светлина.

Вкупната површина на просториите изнесува 778 квадратни метри, на кои се придодаваат уште дополнителни 120 од балконите.

Велнес-центарот вклучува соба со пареа, сауна, џакузи и фитнес-сала. Вилата функционира како хотел, па така таа може да биде изнајмена, но има можност и да биде купена за цена од 22 милиони американски долари.

Досега во оваа вила престојуваа многу познати личности помеѓу кои Мадона, принцот Вилијам и неговата сопруга, принцезата Кејт, дел од членовите на познатото италијанско семејство Ањели и многу други.

Погледнете ги прекрасните фотографии…

z15

z14

z13

z12

z11

z10

z9

z8

z6

z5

z4

z3

z2

z1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП