25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕАко барате луксуз сега можете да го најдете под вода (фото+видео)

Ако барате луксуз сега можете да го најдете под вода (фото+видео)

Подготовките за изградба на „викендица“ под вода се во тек, со локација во Дубаи, но и Малдивите започнуваат со изградба на својата прва подводна резиденција. Овој проект го најави „Conrad Maldives Rangali Island“, кои изјавија дека тој ќе биде завршен до крајот на оваа година.

Овој објект е „чудо“ на два спрата, горниот дел е сместен над море, а долниот дел е подводен апартман, во кој се наоѓа спална соба, трпезарија, купатило и спирални скали кои водат до дневната на горниот дел.

Спратот над вода се состои од спална соба, купатило, тоалет, соба за батлер, соба за обезбедувањето, дневна соба, кујна, бар и трпезарија, а тука се наоѓа платформа ориентирана кон зајдисонцето, за дополнително уживање.

На спротивната страна од вилата се наоѓа простор за релаксација со поглед кон изгрејсонцето, како и базен. Во горниот дел има пространа спална соба со купатило, во која има префинета када завртена кон океанот. Во главно Мурак има просторен капацитет за девет лица.

„Возбудени сме за овој проект, бидеќи ќе внесе нов живот во современиот дизајн, како и претприемачки дух кои се темел за основање на нашиот тренд“, рече Мартин Ринк, глобален шеф на брендот „Luxury & Lifestyle“.

„Со развивање на оваа подводна резиденција, островот ќе им понуди на посетителите можност да уживаат на Малдивите како никогаш до сега.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП