26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГатузо: Ќе донесеме нови засилувања во Милан

Гатузо: Ќе донесеме нови засилувања во Милан

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, изјави дека добил гаранции од директорот Марко Фасоне дека тимот ќе биде засилен со тројца или четворица фудбалери.

Милан во последниот период се наоѓа под истрага на УЕФА поради наводни кршења на правилата за финансиски ферплеј, но според Гатузо тоа нема да биде пречка клубот да донесе нови фудбалери.

– Фасоне ме информираше дека ќе донесеме тројца или четворица фудбалери, но не ми соопшти дали претходно ќе мораме да продадеме други тројца или четворица. УЕФА се уште не донела одлука за тоа, истакна тренерот на Милан.

Тој наведе дека би сакал да донесе големи играчи како Роналдо, Меси или Погба, но дека тоа не е реално.

– Би сакал да кажам ми се допаѓа Пол Погба, па ајде да го донесеме, но тоа не е можно. Ми се допаѓа и Марко Манџукиќ. Сакам големи играчи како Роналдо и Меси. Но, секогаш прво размислувам за тимот, а потоа за индивидуалците, нагласи Гатузо.

Пред Милан да преземе каква и да е финансиска операција ќе мора да го реши проблемот со долгот од 300 милиони евра, колку што изнесува заемот кој го зема кинескиот бизнисмен Јонгхонг Ли од американскиот фонд Елиот за да го купи италијанскиот клуб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП