26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQualcomm започна со отпуштања на вработените

Qualcomm започна со отпуштања на вработените

Производителот на чипови „Qualcomm“ започна да скратува работни места како дел од ветувањето кон инвеститорите ги намали годишните трошоци со 1 милијарда долари, објави компанијата, цитирана од светските агенции.

„„Qualcomm“ го намалува бројот на своите привремени вработени и оние со полно работно време“, откри портпаролот на компанијата, кој одби да го открие точниот број на лица кои ќе останат без работа.

Иако компанијата првично не планираше да ја намалува работната сила, таа сепак одлучи дека овој потег ќе биде потребен за да се поддржи долгорочниот раст и успех, коментира портпаролот.

„Qualcomm“ рече дека има понудено компензациски пакети за погодените вработени. Компанијата имаше околу 33.800 вработени со полно работно време, плус оние на привремена работа, на 24-ти септември 2017-та година.

Во јануари „Qualcomm“ најави дека ќе направи серија од јасно насочена редукција во својот бизнис, за да заштеди 1 милијарди долари трошоци за година. Тоа беше дел од нејзините напори да ги победи инвеститорите против непријателската понуда за купување од страна на нејзиниот конкурент „Broadcom“.

Предлогот сепак беше отфрлен од администрацијата на претседателот Доналд Трамп во врска со загриженоста за националната безбедност.

Од тогаш, производителот на чипови ги засилува своите операции за да го подобри својот раст на профитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП