25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајпопуларниот хотел на Инстаграм (фото)

Најпопуларниот хотел на Инстаграм (фото)

Постојат три елементи од кои зависи дали вашата фотографија од одмор ќе изгледа совршено, а тие се преубава дестинација, убаво време и прекрасното природно опкружување.

Кихаван е хотел кој се смета дека е најпосетуван, баш поради тоа што ги има и трите елементи и е прогласен за најобјавувано место на друштвените мрежи.

Сместен е на еден мал остров во индискиот океан, овој хотел со своите вили нуди луксузен одмор, притоа, исполнуваќи ја секоја желба на посетителите им овозможува да ги отргнат мислите од секојдневниот живот.

Многу луѓе сметаат дека забавата на вакви места е ограничена поради нивната локација, но, се лажат затоа што ова место нуди шест ресторани со различни кулинарски понуди.

Вилите над водата имаат кади на отворено и приватни базени, во кои можете да уживате особено на зајдисонце.

Островот има бел, нежен песок и кристално чиста вода, а секоја направена слика ќе излгледа совршено, без многу напор.

Според една анкета, одморалиштето ја добива титулата за најпопуларно место на Инстаграм со дури 121.000 гласови.

Признајте дека само што ја видовте првата слика веќе почнавте да мечтаете за одмор на ова совршено место.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП