11 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИИ Morgan Stanley забележа рекордна добивка

И Morgan Stanley забележа рекордна добивка

Профитот на „Morgan Stanley“ за првото тримесечје од годината е зголемен за над 40% на годишно ниво до рекордни вредности благодарение на бизнисот со трговија на банката, кој добил силен поттик од нестабилноста на пазарите.

Нето добивка за периодот јануари-март е во износ од 2,58 милијарди долари. За споредба, во истиот период минатата година таа била во износ од 1,84 милијарди долари, соопштува „Ројтерс“.

По акција профитот на банката расте до 1,45 долари од 1 долар пред една година. Тоа е значително подобар резултат од прогнозите на аналитичарите на „Ројтерс“ кои очекуваа таа да е 1,25 долари.

По веста акциите на шестата по големина американска банка поскапеа за 2,57% до 53,24 долари пред почетокот на берзанското тргување.

По релативно малодушната 2017-та година нестабилноста се врати на пазарите, што влијаеше на акциите, обврзниците, валутите и суровините во позадина на грижата за можна трговска војна меѓу САД и Кина и стравот од забрзување на инфлацијата.

Пазарната активност доведе до големи приходи кај банките со значителни трговски операции како „Morgan Stanley“ и „Goldman Sachs“.

Приходите на банката од продажба и трговија се зголеми за 26% до 4,4 милијарди долари во првиот квартал од оваа година, благодарение на скоро 27-процентно зголемување на приходите од тргување со акции.

Вкупно приходите на „Morgan Stanley“ пораснале за 13,7% до 11,08 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП