28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBASF ќе инвестира 10 милијарди евра во азиско-пацифичкиот регион

BASF ќе инвестира 10 милијарди евра во азиско-пацифичкиот регион

basf2

Германскиот хемиски гигант „BASF“ планира до 2020 година да инвестира 10 милијарди евра во брзорастечкиот азиско-пацифички регион и да отвори до 9.000 нови работни места.

„BASF“ соопшти дека во тој регион планира до 2020 година да генерира годишни приходи од 25 милијарди евра. За споредба, во 2012 година приходите изнесувале 11,7 милијарди евра, што е 16 проценти од вкупните приходи на групата.

Групата објави дека проценува дека кумулативната годишна стапка на раст на реалното хемиско производство во азиско-пацифичкиот регион ќе изнесува 6,2 проценти во периодот до 2020 година, што е значително над светскиот просек од четири проценти.

„BASF“ исто така, планира „да ја зголеми профитабилноста за најмалку два процентни поени во однос на регионалното хемиско производство”.

„За да го постине тоа, „BASF“ планира заедно со своите партнери, да инвестира 10 милијарди евра до 2020 година, за понатамошниот рзвој на локалното производство во азиско-пацифичкиот регион“, се наведува во соопштението на компанијата.

Целта на „BASF“ е до 2020 година во тој регион да произведува околу 75 проценти од вкупните производи што ги продава во Азија.

„BASF“ соопшти дека во моментот има повеќе од 100 производни погони во регионот на Азија и Пацификот, вклучувајќи ги и двете високо интегрирани фабрики во Малезија и Кина.

„Во текот на наредната деценија, азиско-пацифичкиот регион ќе се соочи со големи предизвици, но тој ќе остане најбрзо растечкиот пазар за хемиската индустрија“, изјави извршниот член на управниот одбор на „BASF“ Мартин Бруделмулер.

Во „BASF“ истакнуваат дека до 2020 година сакаат да изведат 25 проценти од својата работа во истражувањето и развојот во Азија и Пацификот, со околу 3,500 вработени во такви сектори, во однос на 800, колку што изнесуваа во 2012 година.

Хемиската група планира да формира одделенија за истражување на електронски и материјали за батерии, како и оние во областа на земјоделството, катализата, рударството, полимери и минерали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП