26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПик Сегед е следната дестинација на Канељас

Пик Сегед е следната дестинација на Канељас

Искусниот шпански ракометар Жоан Канељас по завршувањето на сезоната, ќе го напушти тимот на Вардар. Како што објави специјализираниот ракометен поратл „Балкан хендбол“, тој кариерата ќе ја продолжи во Унгарија.

Новиот клуб на Шпанецот ќе биде Пик Сегед, кој од клупата го предводи неговиот сонародник Хуан Карлос Пастор. Бидејќи Канељас има договор со Вардар до јуни 2019 година, унгарскиот тим ќе плати обесштетување за да ги обезбеди неговите услуги.

Канељас во Вардар пристигна пред две сезони од редовите на Кил, а во историската сезона на „црвено-црните“, кога беше освоена Лигата на шампионите, беше еден од клучните играчи.

Во кариерата репрезентативецот на Шпанија има играно за Гранолес, Барселона, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и Кил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП