20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија враќа дел од златото од САД

Германија враќа дел од златото од САД

zlato12

Германската централна банка, дел од златните резерви во вредност од околу 200 милијарди долари од САД и Франција, ќе ги врати во својата земја, пренесува весникот Ханделсблат.

Весникот наведува дека Бундесбанк планира да врати во Германија дел од 1.500-те тони злато складирани во американските Федерални резерви во Њујорк и сите 450 тони од Француската банка во Париз.

Бундесбанк одби да ги коментира наводите, но ги повика новинарите на денешната прес конференција на која ќе го претстави планот за златните резерви кои изнесуваат околу 3.400 тони.

Поголемиот дел од германските резерви е складиран во странство во текот на Студената војна, поради страв од советска инвазија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП