26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony го претстави Xperia XZ2 Premium со 4K HDR екран (фото+видео)

Sony го претстави Xperia XZ2 Premium со 4K HDR екран (фото+видео)

Откако во февруари го објави моделот „Xperia XZ2“, „Sony“ сега ни претставува уште еден премиум телефон, за оние кои сакаат уште подобри функции – „Sony Xperia XZ2 Premium“.

„Sony Xperia XZ2 Premium“ има еден од екраните со најмногу резолуција, кои се достапни на телефоните (4K HDR дисплеј), нов систем со две камери на задната страна и може да снима „4K HDR“ видео. Може да се каже дека „XZ2 Premium“ значително подобрена верзија на „Xperia XZ2“, во секој поглед. Двата телефони имаат речиси идентичен дизајн со стаклена задна страна и заоблен изглед, „XZ2 Premium“ пристигнува со екран со поголема резолуција, систем со две камери и нови можности и звук со висока резолуција.

Ова се главните карактеристики на „Xperia XZ2 Premium“:

Oперативен систем: Android 8.0 Oreo;

Димензи: 80mm x 158mm x 6,4-11,9mm со маса од 236 грама;

CPU: Snapdragon 845 со 6GB RAM;

Екран: 5.8-инчен 4K HDR LCD, 16:9;

Задни камери: 19MP + 12MP, 51200 max ISO за фотографии и 12800 max ISO зa видео;

Предна камера: 13MP;

Батерија: 3450mAh;

Друго: заштита од вода, бежично полнење.

„Xperia XZ2“ на задната страна има една камера, додека „XZ2 Premium“ доаѓа со нов систем со две камери. Главната камера фотографира и снима во боја, додека другата снима монохромна слика. „Sony“ користи црно-бели фотографии од секундарната камера со цел да добие повеќе светло од фотографиите, а потоа паметно ја комбинира сликата од двете камери со помош „Aube – fusion image“ процесорот. Со новите камери пристигнуваат и нови креативни опции: можност за снимање во „Select Bokeh“ режимот, можност за креирање на „4K HDR“ видео содржини, како и 960fps „super slow motion“ снимање.

„Sony“ не ја објави официјално цената на „Xperia XZ2 Premium“, кој на пазарот ќе се најде во текот на летото. Телефонот ќе биде достапен во хромирана црна и сребрена верзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП