26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПораките испратени преку Messenger, сепак не се приватни!

Пораките испратени преку Messenger, сепак не се приватни!

„Facebook“ во четвртокот потврди дека користи автоматски алатки за рутински да ги скенира пораките испратени преку „Messenger“, и како што велат од компанијата, да ги заштитат корисниците од злонамерните „малвери“ и да спречат злоупотреба на фотографии од деца.

Исто така, тие ги потсетуваат корисниците на можноста да ги пријавуваат тие пораки за кои сметаат дека ги прекршуваат правилата што ги поставува социјалната мрежа и кои се основен стандард.

Модераторите на „Facebook” можат да ги видат сите пораки обележани од корисници или автоматски систематизирани.

Долго време е познато дека оваа компанија „ги следи“ мислењата за да се придржува кон утврдените стандарди на заедницата. Сепак, сосема е сигурно дека повеќето корисници сметаат дека пораките испратени преку „Messenger“ се приватни, и дека никој друг не ги чита. Но, сега е јасно дека тоа не е така.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП