1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМесечно трошиме околу 3GB гледајќи видео содржини

Месечно трошиме околу 3GB гледајќи видео содржини

h

Според најновите истражувања на компанијата „Ericsson“, мобилниот трансфер на податоци ќе продолжи значително да расте во наредните неколку години пред се благодарејќи на видео содржините.

Се очекува вкупниот сообраќај да се зголеми за 12 пати повеќе до 2018-та година. Овој раст е поврзан со се поголемата достапност на мултимедијалните содржини, како и на зголемената брзина на проток во мрежите благодарејќи на „HSPA“ и „LTE“ технологиите.

Прикажаните резултати од анализите „LTE“ технологијата до 2018-та ќе покрие 60 проценти од светската популација. Се очекува бројот на „LTE“ претплатници да достигне една милијарда до 2017-та година, пред се поради развојот на мобилните уреди и барањата на корисниците за напредни содржини.

На видеата им припаѓа најголемиот сегмент во преносoт на податоци и се очекува константен пораст од 60 проценти на годишно ниво до крајот на 2018-та година. Просечно еден корисник искористува околу 2.6 GB сообраќај на гледање видео содржини.

На преносот на податоци многу влијае и големината на екраните на уредите. Исто така и резолуцијата е важен фактор која новите паметни телефони ги приближува кон компјутерите. Во просек мобилните компјутери генерираат петпати повеќе сообраќај од паметните телефони.

Кон крајот на 2012-та година просечно еден мобилен компјутер генерираше 2.5 GB месечно, наспроти 450 MB од паметниот телефон. Според овој извештај на крајот од 2018-та година мобилните компјутери ќе учестуваат со месечен проток од 11GB, додека преносот на податоци во истиот интервал преку паметните телефони ќе изнесува околу 2 GB.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП