27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИH&M се соочува со нови проблеми - испораките

H&M се соочува со нови проблеми – испораките

Модната синџир „Hennes & Mauritz“ (H&M) има нова главоболка – не успева да ја испорача стоката нарача онлајн, толку брзо како што сака, коментира „Bloomberg“.

Шведски моден трговец е преплавен од поплаки на страната на „Facebook“ од клиенти кои не ги добиле навреме нарачките. Една од нив вели дека нејзиното бебето наскоро ќе биде „премногу големо за производите“, кои ги нарачала пред 26 дена.

Од „H&M“ признаваат дека имаат проблеми. Поправката на центарот за онлајн испораки во Борас, Шведска, води до одложувања во Шведска и Норвешка, кои формираат околу 7% од продажбата на компанијата од интернет и нејзините физички продавници, посочува портпаролот на компанијата Катарина Густафсон.

„Се надеваме дека нашите клиенти ќе не разберат и ќе го прифатат извинувањето за секое доцнење“, вели таа во одговорот.

Доцнењата може да ги комплицираат напорите на компанијата за зголемување на продажбата. Оперативната добивка на „H&M“ падна до најниско ниво од над една деценија во првиот квартал, откако намалувањата не успеаја да распределат стекнатиот инвентар.

Проблемите со снабдувањето влијае на клучниот приоритет во промената на стратегијата на компанијата, на која таа се фокусира повеќе на онлајн продажбата и новите формати на продавници. Поправката на центарот за снабдување цели да го забрза времето за испорака од сегашниот стандард од пет до седум дена, дополнува Густафсон.

Корисниците сакаат од „H&M“ да бидат потранспарентни.

„На вашата интернет стран се тврди дека испораката е помеѓу 5 и 7 дена … Ако информацијата е погрешна, ве молам сменете го, за да знаат корисниците колку време навистина е потребно за испорака“, пишува еден од корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП