28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕCosta Careyes – Идилична тропска бајка (фото)

Costa Careyes – Идилична тропска бајка (фото)

Прекрасната Costalegre во Мексико можеби не е толку популарна како другите туристички дестинации, но е секако подеднакво привлечна.

Овде се наоѓа совршената мешавина од прекрасни градини, природни чуда и совршена клима за незаборавен одмор, покрај пријателското и гостопримливо население и погледот од кој застанува здивот.

Во ова прекрасно катче од нашата планета се наоѓа животописниот Costa Careyes, односно одморалиштето кое може да се забележи од голема одалеченост, поради розевите бунгалови и шарените куќички на падините на ридот. Гостите овде можат да одмараат во една од четирите варијанти – на располагање им се опциите Ocean Castles, Private Villas, Casetas de las Flores и Bungalows.

Секој вид на сместување ви нуди совршен одмор, исполнет со сите потребни нешта, удобен кревет, клима, интернет, бар, тв сет и се што мoжете да замислите.

Активностите кои овде ви се нудат се веслање, кајак, нуркање, ловење риба и сурфање. Ако не сакате времето да го поминете на вода, тогаш можете да се одлучите за јавање, поло, тенис, пешачење или јога, додека голферите можат да уживаат во мир и тишина на EL Tamarindo теренот.

Називот на ова одморалиште, Costa Careyes, всушност се преведува како брег на желките и како што можете да си претпоставите, намерно е така наречено. Ова одморалиште го спонзорира резерватот за желки и гостите можат да учествуваат во разните активности со желките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП