28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовите даночни правила го зголемија профитот на JP Morgan Chase

Новите даночни правила го зголемија профитот на JP Morgan Chase

Американската банка „JP Morgan Chase“ пријави најголем квартален профит во својата историја, кој пред се е последица на новиот даночен закон усвоен лани во САД.

Банката „JP Morgan Chase“, најголемата американска банка според обемот на актива и депозити, оствари добивка од 8,71 милијарди долари во првиот овогодишен квартал, што е за 35 проценти повеќе во однос на профитот од 6,45 милијарди долари од истиот период минатата година, пренeсува агенцијата АП.

За таквите резултати најмногу придонесоа два фактори – поголемите каматни стапки, што на банката и овозможи на клиентите да им наплатува поскапо за позајмици и значително пониската стапка на корпоративниот данок.

Приходите на банката пред оданочување во тој квартал се зголемени за 2 милијарди долари, а банката исплатила 240 милиони долари помалку на име на данок во однос на една година претходно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП