26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Deutsche Telekom“ постигна договор со синдикатите за зголемување на платите

„Deutsche Telekom“ постигна договор со синдикатите за зголемување на платите

Германскиот телекомуникациски гигант „Deutsche Telekom“ постигна договор со синдикатот на работниците во секторот за услуги за 5,2% зголемување на платите за своите 62.000 работници во Германија.

Договорот беше постигнат по четири рунди преговори, по серијата еднодневни штрајкови на вработените во најголемиот европски телеком оператор.

Објавувањето на договорот временски се поклопи со штрајот на вработените во државниот сектор, објавува „Ројтерс“

Зголемувањето на платите ќе се одвива во две фази до март 2020-та година.

Поголемиот број од вработените на 1-ви мај ќе добијат плата поголема за 3,1%, а година дена подоцна ќе следи зголемување на платите за 2,1%. За вработените кои се со поголеми примања договорено е зголеување за 2,7% и 2,1%.

Според договорот со синдикатите, во „DT“ ќе нема откази до крајот на 2020-та година. Исто така од следната година предвидени се дополнителни 14 денови во склоп на скратената работна недела за два часа.

„Ова е добар резултат што е во согласност со нашите три цели – повеќе пари, повеќе безбедност на работното место и подобар квалитет на живот“, се вели во соопштението на главниот преговарач на „Verdi“, Френк Зојерланд.

„Постигнавме добар резултат кога станува збор за платите, сигурноста на работните места и квалитетот на животот“, потврди Симоне Тајнер, директор во кадровската служба на „DT“.

„Во исто време, им понудивме на нашите вработени нови можности да ги приспособат приватните со деловните обврски“, додаде таа.

Но, сепак договорот треба да го одобрат и двете страни.

Исто така во Германија има штрајк од 45.000 работници во секторот за детска грижа, транспортниот сектор и други јавни сектори. Синдикатот „Verdi“ што ги претставува, не се откажува од побарувачката за 6% зголемување на платата за 2,3 милиони вработени.

Владата и локалните власти го отфрлија барањето, тврдејќи дека зголемување е премногу големо, но шефот на здружението на работодавачите во локалната власт „VKA“ изјави за „Neue Osnabruecker Zeitung“ (NOZ)  дека најверојатно ќе се постигне договор во следните преговори.

„Ние сме во преговори со синдикатите, и со голема надеж се очекува да се постигне договор во следната рунда од преговори“, рече извршниот директор „VKA“, Клаус-Дитер Клапот во интервјуто објавено денеска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП