18 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЅирнете во најголемиот крузер во светот (видео)

Ѕирнете во најголемиот крузер во светот (видео)

Најголемиот крузер во светот, чиј капацитет е 9.000 луѓе, исплови од Барселона во Шпанија и тргна на своето прво патување низ Медитеранот.

Крузерот „Симфонија на морињата“ не ја носи само титулата најголем во светот, туку тој поседува и најголем тобоган на море, најбрз интернет на море, и повеќе уметнички дела отколку што во Лувр има слики.

Крузерот е нешто подолг од 362 метри, а поседува дури 22 ресторани, 24 базени и 2,759 кабини. Може да прими околу 6.680 гости со околу 2.200 членови на екипажот, така што неговиот капацитет изнесува околу 9.000 лица.

„Осум од десет најголеми бродови во светот и припаѓаат на компанијата „Royal Caribbean“, но овој навистина ги поместува границите. На крузерот нема да се чувствате како да сте во гужва, бидејќи има 18 палуби. Тој е како зграда. Постојат 24 лифта и седум различни делови на крузерот, така што патниците природно се делат“.

На бродот се наоѓа и „зелен“ Централ Парк, мирно опкружување кое содржи 20.000 тропски билки, како и бар со вино.

Крузерот нуди бројни активности, така што на патниците не може да им биде досадно. Може да се занимаваат со искачување, да уживаат во симулација на сурфање, излегување од лавиринт…

Оваа година крузерот ќе плови по Медитеранот, а наредната година негова база ќе биде Мајами на Флорида.

Потоа ќе следи серија крстарења на Карибите.

Погледнете како изгледаат ентериерот и екстериерот на најголемиот крузер на светот…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП