1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАWindows XP и натаму на 40 проценти од компјутерите

Windows XP и натаму на 40 проценти од компјутерите

xp

За нешто помалку од една година, поточно до 8-ми април 2014-та година „Microsoft“ ќе престане да нуди поддршка за својот оперативен систем „Windows XP“, а како што стојат работите во моментов со овој потег ќе бидат погодени скоро 40 проценти од корисниците на „Windows“.

Според најновите податоци на аналитичарите покажуваат дека оперативниот систем „Windows XP“ се наоѓа на 37.74 проценти од компјутерите ширум светот што ја прави оваа верзија на „Windows“  втора најкористена.

На првото место се наоѓа верзијата „Windows 7“ која ја користат 44.84 проценти, а пак новата „Windows 8“ ја има на само 4.27 проценти од компјутерите.

„Windows 8“ се наоѓа на четвртото место по користеност, а според податоците на аналитичарите на третото место се наоѓа „Vista“ со удел од 4.51 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП