28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНеобична, луксузна и прекрасна - јахтата Nameless (фото)

Необична, луксузна и прекрасна – јахтата Nameless (фото)

„Nameless“ е сјајна јахта со многу необичен изглед, а дело е на италијанското бродоградилиште „Mondo Marine“…

Ова пловило е удобно и луксузно баш толку колку што е и необично. Палубата за сончање содржи необичен базен со рачно изработени светлосини керамички плочки, кој е совршен за опуштање во текот на долгите и топли денови. На главната палуба се наоѓаат места за седење како и голем простор за сончање. Контрастот на оваа јахта е креиран помеѓу ентериерот и екстериерот.

Иако екстериерот е многу необичен, дизајнот на неговиот ентериер повеќе се потпира на класичниот стил. Главниот салон е осветлен и простран, со елегантни вибрации кои се постигнати со употреба на мермер и бела кожа. Трпезаријата е направена за десет гости и содржи прекрасни сиви столчиња и стаклена маса, над која виси величенствен кристален лустер.

На оваа јахта можат да бидат сместени осум луѓе во четири кабини, од кои секоја е уникатно декорирана. На овој брод можат да се видат и некои сјајни современи уметнички предмети, што ни говори за љубовта на сопственикот кон уметноста.

Комфорот е од големо значење кога се работи за ваков голем брод, а не се работи само за погодностите кои ги нуди бродот. Инженерите кои работеле на дизајнот на оваа престижна јахта морале да пронајдат начин да ги намалат звукот и вибрациите кои ги создава моторот на минимум, за ништо да не му пречи на патникот при неговото одморање е релаксирање. Јахтата се движи со помош на два 1630kW MTU мотори, а нејзината максимална брзина е 19 јазли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП