19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNovartis ја купува AveXis за 8,7 млрд долари

Novartis ја купува AveXis за 8,7 млрд долари

Швајцарскиот фармацевтски гигант „Novartis“ соопшти дека за 8,7 милијарди долари ќе ја купи американската компанија за терапија на гените „AveXis Inc.“, во настојување да стане лидер во лекувањето на неуродегенеративните болести, неизлечливи болести на нервниот систем.

Двете компании наведоа дека нивните управни одбори едногласно го потврдиле договорот , а износот ќе биде платен со готовина и краткорочни позајмици, наведува АП.

„Novartis“ ќе плати 218 долари по акција, а трансакцијата би требало да биде завршена до средината на 2018 година.

Со терaпијата за гени на „AveXis“ се лекува спиналната мускулна атрофија (SMA), тип еден, ретка болест која „Novartis“ ја означи како водечки генетски причинител на смрт кај малите деца, „поради која девет од десет деца не го доживуваат својот втор роденден“ или се трајно зависни од апарати за помош при дишењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП