27 јуни, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузот во Јужна Африка

Луксузот во Јужна Африка

wq1

Овој луксузен комплекс се наоѓа во Јужна Африка. Тој воодушевува со мистичниот декор, волшебните детали и атмосферата која плени. Тој е преполн со интересни мозаици и фрески, а самата архитектура на градбата делува како да е дел од бајките.

Раскошните градини и убавите реки и поточиња, кои ги опкружуваат палатите, дополнително придонесуваат за интимна и пријатна атмосфера во „изгубениот град“.

Неверојатната услуга и нескромната гостопримливост се двата најсилни адути во привлекувањето на туристите. Најекстравагантен хотел во овој комплекс е „Палатата на изгубениот град“, која сосема заслужено си го носи и името „Африканското кралство на задоволството.“

Гостите можат да изберат една од 338-те соби, кои се направени во типичен африкански декор во склоп со технологија од 21 век.

Покрај неверојатните удобности кои ги носат која било од собите, во хотелот можете да уживате и во 24 часа отворениот бар и ресторан, голфските терени, посета на Националниот парк, забавниот парк или едноставно да уживате во прекрасните базени.

Погледнете ги фотографиите…

wq2

wq3

wq4

wq5

wq6

wq7

wq8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар