25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank го смени генералниот директор

Deutsche Bank го смени генералниот директор

Deutsche Bank го смени генералниот директор Џон Крејн и го назначи Кристијан Шевинг за негова замена. Надзорниот одбор на банката објави дека Џон Крејн, генералениот директор кој дојде на тоа место во 2015 година ќе замине на крајот на април. Како што е наведено, Кристијан Шевинг е назначен за нов директор и оваа одлука ќе стапи на сила веднаш.

Промената беше објавена на крајот од вонредниот состанок кој заврши касно минатата ноќ. Договорот на досегашниот директор Крејн требаше да трае до 2020 година. Претседателот на Надзорниот одбор на Банката Пол Ашлејтнер рече дека Шевинг со повеќе од 25 години во банката се докажа како “силен и дисциплиниран лидер” и дека бордот е убеден дека за Шевинг и неговиот тим можат успешно да ја водат Deutsche Bank во една нова ера. Тој рече дека Крејн ги постави темелите за успешна иднина на банката, и покрај својот релативно краток престој на местото генерален директор и затоа му се заблагодари. Ашлејнтер додаде дека по сеопфатната анализа, надзорниот одбор дојде до заклучок дека им е потребна нова динамика во раководството на банката.

Deutsche Bank се бореше со пад на приходите, а вредноста на нејзините акции падна за речиси една третина оваа година. Вредноста на акциите скокнаа денес за повеќе од три проценти на берзата во Франкфурт, по објавата за замена на генералниот менаџер. Се верува дека во потрага по нов генерален директор и смена на Крејн почна кога банката објави годишна загуба од 500 милиони евра на крајот на февруари. Ова следеше по загубата од 6,8 милијарди евра во 2015 година и 1,4 милијарди евра во 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП