29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕУлтра луксузен дом во Мумбаи (фото)

Ултра луксузен дом во Мумбаи (фото)

Ултра удобна. Ултра модерна. Луксузна. Така ја опишува оваа модерна резиденција студиото на архитекти кои работеле на неа…

Таа е фасцинантна – од првиот поглед на стаклениот плафон во дневната соба, со прекрасни стаклени рабови од едната страна и со водени фонтани од другата.

Костенливите софи додаваат боја на другиот крај на просторијата, а прилагоденото осветлување им нуди опција на станарите за промена на аголот и просторот за осветлување, во зависност од посакуваниот амбиент и расположение.

На само неколку чекори подалеку се наоѓа трпезаријата во фантастичен костенлив мотив, кој се вклопува со мебелот. Секако, трпезаријата исто така има опција за прилагодување на осветлувањето.

Кога ќе излезете на балконот, ќе помислите дека лебдите во воздухот: вештачката трева и дрвените панели ќе ве држат на земја, додека погледот на брегот на Мумбаи ќе ве воодушеви и ќе ја поттикне вашата имагинација.

Кујната е совршено опремена и декорирана со мермер, содржи ултра модерни уреди од нерѓосувачки челик и доволно е голема за удобно подготвување на јадења.

Бањата е надвор од секаква конкуренција, ве мами да се релаксирате и да уживате по долгиот и напорен ден, пред да отидете во прекрасната и луксузна спална соба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП