26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBMW најпрофитабилна автокомпанија во светот

BMW најпрофитабилна автокомпанија во светот

Германската автомобилска компанија BMW од секои 100 евра добиени од продажба има 10 евра профит, а според најновото истражување, тоа е најпрофитабилна автокомпанија во светот.

BMW останува на првото место меѓу светските компаниии од автоиндустријата. После BMW компании со најголема заработка се „Suzuki“ и „Daimler“. Германскиот „Volkswagen“ се наоѓа дури на осмото место, објави германскиот онлајн магазин „Manager“.

Според резултатите од истражувањето на консултантската куќа „Ernst & Young“, ниеден друг производител не успеал да го надмине BMW во поглед на продажбата и оперативниот профит во претходната година.

„Daimler“ мораше да се одрече од второто место за минатата година, бидејќи поради пазарите за акции се најде на третото место, по компанијата „Suzuki“. Берзанската пазарна карта на „Volkswagen“ е рангирана на средината на листата, иако беше најдобра на светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП