29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСамо 6,2 милиони долари ве делат од оваа прекрасна вила (фото)

Само 6,2 милиони долари ве делат од оваа прекрасна вила (фото)

Вилата Ascosa, луксузна куќа во Остин со поглед на езеро, ставена е на продажба за 6.2 милиони долари. Вилата со италијански дизајн е на врвот на еден од највисоките брда, и нуди бескраен непречен поглед на целиот округ Остин Хил.

Вилата има 4.5 хектари земја, овоштарник и многу диво зеленило. Нејзината архитектура е почит кон традиционалната, земјена убавина и новата зелена технологија.

Во внатрешноста, ќе видите големи простории, подигнати плафони со дрвени греди, украсни кружни скали, прекрасни подови со теракотни плочки и мозаици на ѕидовите.

Вилата располага со 5 спални соби, четири бањи, домашно кино, винарија, и спектакуларен двор со поглед на прекрасен базен.

Вилата се наоѓа на 10 минути од центарот на Остин, поради што е идеална за шопинг и забава.

Оваа луксузна вила е направена со цел да се прифатат новите, подобри технологии. Сите надворешни и неколку внатрешни ѕидови се направени од 12 дебели Aereted бетонски блокови, со што се доведува до максимум енергетската ефикасност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП