8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRoyal Bank of Scotland планира да отвори дигитална банка

Royal Bank of Scotland планира да отвори дигитална банка

Британската „Royal Bank of Scotland“ има во план отворање на самостојна дигитална банка, пренесе „Sky News“.

Оваа банка би функционирала како мала „app“-банка, со мали трошоци, која го таргетира и пренасочува пазарниот удел на традиционалните кредитори.

Порпаролката на „RBS“ одби да ја потврди оваа објава на „Sky News“, но рече дека банката би морала да започне нови пристапи со цел да држи чекор со временските и брзи промени во индустријата.

„Ние сме фокусирани на користење на автоматизација и технологии со цел да понудиме ефективно банкарско искуство, кое подобро се одразува на начинот на кој нашите клиенти во моментов се однесуваат“, вели портпаролката.

Новата регулатива која е наменета за зајакнување на конкуренцијата во британското банкарство, растот на популарноста на финансиските технологии и намалување на метежот во филијалите, што потенцираше дека кредиторите се повеќе внимание посветуваат на иновациите и дигитализацијата.

„Lloyds Banking Group“ и „RBS“ во февруари започнаа бран на инвестиции во технологии, по затворањето на одредени свои гранки и поделба на откази на одреден број на вработени, настојувајќи да се прилагодат на промените и намалувањето на трошоците.

„Sky News“ наведе дека шефовите на „RBS“ биле поврзани со проектот кој во раната фаза и не мора да значи дека ќе доведе до тоа новата банка да стане дел од пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП