29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКарибите нудат раскошно одморалиште (фото)

Карибите нудат раскошно одморалиште (фото)

Станува збор за волшебно место, кое луѓето го нарекуваат „остров на облаците“. Ова е најбараното место за одмор бидеќи нуди секојдневни модерни елементи.

„Liming Bequia” ќе биде вашиот најдобар избор доколку сакате незаборавен одмор. Ова е сосема ново карипско одморалиште кое оваа година ќе се отвори покасно. Ова врвно одморалиште нуди девет елегантно дизајнирани вили кои располагаат максимум до пет соби, и се наоѓаат во неверојатно убава природа. Секоја од вилите нуди пространа тераса, џакузи како и фасцинантна атмосфера со прекрасен поглед и целосна приватност.

Најимпресивна е „Gingerlily”, раскошна пет-собна вила, со поглед кон малиот остров Мистик.

Секоја од собите си има своја бања, а тука се и супериорната трпезарија и комплетна кујна. Оваа прекрасна вила има и свој базен, како и базен со солена вода.

Ресторанот кој што е дел од овој комплекс нуди исклучиво свежи состојки, свежо овошје, ароматичен зеленчук и морски специјалитети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП