18 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕGrand Hyatt Playa del Carmen - за луксузен одмор оваа година (фото)

Grand Hyatt Playa del Carmen – за луксузен одмор оваа година (фото)

Одењето на плажа само по себе е едноставна работа, но одењето на плажа со стил е сосема друго искуство…

Сончевите зраци кои се распослани врз боемската атмосфера со која зрачи „Grand Hyatt Playa del Carmen“ одморалиштето се многу пријатни и создадени за паметење. Ова одморалиште на плажа се наоѓа на престижната Петта авенија и подготвено ги дочекува патниците, кои се подготвени за максимално уживање во неговата убавина и понуда.

Дизајнирано е од страна на славниот мексикански архитект Сорда Маделана, ова одморалиште е навистина импресивно, со различни природни елементи, уникатни парчиња уметност, блескави текстури и природно осветлен амбиент во сите 314 соби и апартмани за гостите.

Уникатната понуда на храна и пијалоци е она што ќе го одушеви секој гостин. Свежата морска храна и скара може да се порачаат во The Grill додека локалите специјалитети апсолутно се најдобри во ресторанот Cocina. Доколку сакате елегантна и романтична вечера со саканото лице, вистинското место за вас е El Paseo, кое ви нуди префинето мени и исклучителни специјалитети и слатки кои ќе ви ја разубават вечерата.

Во ова одморалиште не може да ви биде досадно. Екстериерот на одморалиштето ве мами во него да уживате и да се опуштите. Овој хотел има своја приватна плажа со бел ситен песок, како и широка понуда на спортови на вода, урбани клубови на плажа и ложа за релаксација. Овде постои и фитнес центар како и базен, доколку планирате да вежбате во текот на својот одмор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП