15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFox го предлага и Sky News на купувачот Walt Disney

Fox го предлага и Sky News на купувачот Walt Disney

Американскиот гигант „21st Century Fox Inc.“ предлага да го продаде новинарскиот канал „Sky News“ на „Walt Disney Co.“ во обид да ги задоволи британските регулатори кои се грижат за независноста на медиумите под компанијата на Руперт Мардок, објави „Bloomberg“.

Во допис до британската Служба за конкуренцијата и пазарите, „Fox“ истакнува дека „Disney“ е заинтересирана да ја купи новинската телевизија, без разлика дали тоа ќе биде купувањето на поголемиот дел од компанијата на Мардок, како што беше договорено на крајот од минатата година.

„Fox“ се обидува да обезбеди купување на останатите 61% од „Sky Group“, од кои дел е „Sky News“, откако најголемиот американски кабелски оператор „Comcast Corp.“ направи изненадувачка понуда за купување во февруари.

Плановите за купување на преостанатите 61 проценти од „Sky“, кои „Fox“ не ги поседува, беа попречувани од британските регулатори, според кои евентуалното купување на компанијата ќе му даде на Мердок, чија компанија „News Corp.“ ги поседува „The Times“, „The Sunday Times“ и „The Sun“ – премногу контрола врз британските медиуми.

Претходно од „Fox“, тие предложија создавање на посебен уреднички одбор кој ќе го блокира можното влијание на Мардок врз „Sky News“. Компанијата, исто така, ја зголемуваше својата понуда за купување, велејќи дека ќе обезбеди средства во рок од 10 години за најстариот 24-часовен канал за вести во Велика Британија. Во вторникот „Fox“ предложи легален начин за одделување на „Sky News“, со гаранција за финансирање зголемена на 15 години.

„Ние предложивме низа решенија кои ќе решаваат секакви и сите прашања или проблеми што би можеле да се појават во трансакцијата“, потенцираа од „Fox“.

Британскиот регулатор се очекува да донесе одлука за кандидатурата на „Fox“ до 1-ви мај, оставајќи ја конечната одлука на британскиот министер за култура, Мет Ханок, која ќе биде до средината на јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП