19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦукeрберг: Ќе ни требаат години за да ги решиме проблемите

Цукeрберг: Ќе ни требаат години за да ги решиме проблемите

На „Facebook“ ќе му требаат „неколку години“ за да ги реши своите проблеми со заштитата на податоците на потрошувачите, вели ко-основачот и извршен директор Марк Цукерберг. Тој би сакал да може да се елиминираат овие проблеми за три или шест месеци, но е „потребен доста подолг период“, рече Цукерберг во интервју за „Vox“. „„Facebook“ ќе излезе од оваа дупка, но ќе бидат потребни години“, рече тој.

Поради скандалот со наводната злоупотреба на податоците на повеќе од 50 милиони корисници на „Facebook“ од британската компанија за анализа на податоци „Cambridge Analytica“, интернет Концернот се најде под огромен притисок. Се претпоставува дека податоците се евалуирани и користени за изборната кампања на актуелниот американски претседател Доналд Трамп. Властите во САД и Обединетото Кралство започнаа истраги.

Како одговор на скандалот, „Facebook“ веќе најави голем број онлајн промени во мрежата во последниве денови. Редизајнирањето на страниците на „Facebook“ ќе им овозможи на корисниците да имаат полесен пристап до поставките и функциите кои ја зголемуваат безбедноста на нивните профили.

Цукерберг изјави во интервјуто за „Vox“ дека проблемите на „Facebook“ се појавиле не на последно место, бидејќи неговата компанија е премногу идеалистичка и се фокусира премногу на позитивните аспекти на градење на мрежи од луѓе. „Facebook“ не бил доволно заинтересиран за „негативните употреби“ на алатките што ги обезбедува мрежата.

Во интервјуто за „Vox“, Цукерберг ја отфрли идејата дека „Facebook“ не е заинтересиран за своите корисници, нарекувајќи ги коментарите на главниот извршен директор на „Apple“, Тим Кук „исклучително несоодветни“. Во интервјуто, објавено во понеделникот наутро, Марк Цукерберг ја повтори целта на „Facebook“ да изгради сајт кој ќе ги поврзува луѓето од целиот свет. За да стигнат до што е можно повеќе луѓе, тој рече дека неговата компанија треба да се потпре на модел на реклами, за да го направи својот производ бесплатен.

Според Цукерберг, изјавата на Кук не е поврзана со вистината.

Во минатата недела шефот на „Apple“ изјави дека никогаш не би се нашол во ситуација на Марк Цукерберг по скандалот со „Cambridge Analytica“, нагласувајќи ја различноста меѓу „Apple“ која продава уреди од поврзаните рекламите бизнис на „Facebook“ и „Google“, кои се потпираат на корисничките податоци. Тој, исто така, повика на регулирање на податоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП